Повик за Летна школа за авијација

Центарот за обука на пилоти и Министерството за одбрана даваат можност за практична настава за студентите на УГД и останатите студенти од трета и четврта година.

Практичната настава ќе се реализира преку Летната школа за авијација во периодот од 20 јуни (понеделник) до 24 јуни 2016 г. (петок) во Центарот за обука на пилоти на аеродромот во Петровец. Постои можност за адаптирање на програмата според потребите на Факултетот за информатика и Електротехничкиот факултет. 

За сите пријавени студенти е обезбеден бесплатен превоз до аеродромот во Петровец. Министерството за одбрана ги стави на располагање и користење сите свои меѓуградски линии до аеродромот во Петровец.

Повеќе информации и пријавување на електронската пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

ПРОГРАМА (.pdf) 

Последен пат изменето на Вторник, 07 Јуни 2016 14:21
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…