Повик за учество во работилници на идеи

Центарот за интеркултурен дијалог во партнерство со European Projects Association и Македонски зелен центар распишуваат Отворен повик за организации од невладиниот сектор во Македонија да земат учество во лаборатории на идеи/работилници.

Лабораториите на идеи ќе бидат организирани преку сесии за бура на идеи, преку работа со претставници од невладиниот сектор во Македонија во врска со генерирање на идеи за застапување на ЕУ реформите од што ќе произлезат препораки за ЕУ извештајот за напредок. Лабораториите на идеи ќе бидат тематски и ќе бидат организирани во два работни дена, две сесии дневно и тоа на следните теми:

  • Работа против дискриминација
  • Млади
  • Социјална инклузија на маргинализирани групи
  • Медиумски плурализам
  • Одржлив развој.

Претставниците на невладиниот сектор ќе се состанат и ќе креираат предлози, нови идеи и нови начини на гледање кон ЕУ интеграцијата, генерирајќи конкретни предлози за застапување кои можат да бидат спроведени на национално или европско ниво. Во секоја лабораторија ќе бидат вклучени по 40 претставници од невладиниот сектор. Претставниците од организациите кои ќе земат учество ќе треба да имаат претходно искуство и експертиза во зададените тематски области. Во лабораториите на идеи, при изборот на претставници на невладини организации, ќе се земе предвид регионалната репрезентација, етничкиот и родов баланс, а главна цел ќе биде да се регрутира разновидна група на активисти и претставници на невладиниот сектор кои делат заеднички тематски интереси.

Претставниците на невладиниот сектор ќе имаат можност да работат заедно, да ги споделат своите идеи и искуства меѓусебно и да произлезат со уникатни предлози за застапување на спроведување на реформи поврзани со ЕУ. Лабораториите ќе претставуваат платформа за претставниците на НВО да работат на креирање на оригинални идеи и нови начини на гледање кон постојните проблеми и прашања поврзани со ЕУ интеграција и дијалогот помеѓу невладиниот сектор и владата.

Работилниците ќе бидат одржани во следниве градови:

  • Куманово – 1 и 2 јули (тема: Одржлив развој)
  • Скопје – 28 и 29 јуни (тема: Социјална инклузија на маргинализирани групи)
  • Скопје – 30 јуни и 1 јули (тема: Медиумски плурализам)
  • Битола – 7 и 8 јули (тема: Работа против дискриминација)
  • Скопје – 18 и 19 јули (тема: Млади)

Работилниците се отворени за сите организации кои ќе изразат интерес. Сите патни трошоци ќе бидат покриени од страна на ЦИД. Заинтересираните кандидати ќе можат своето учество да го пријават тука.

Рокот за аплицирање е еден ден пред одржување на обуката за која се пријавувате.

За повеќе информации во врска со проектот за спроведување на лабораториите на идеи посетете ја официјалната веб-страница.

Последен пат изменето на Понеделник, 27 Јуни 2016 10:27
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…