Конкурс за стипендии за кратки студиски престои во Велика Британија

Британскиот фонд за стипендии – British Scholarship Trust за 2017 година доделува до 6 стипендии за млади истражувачи од Република Македонија за кратки студиски престои (од 1 до 3 месеци) на соодветни високообразовни и научнoистражувачки институции во Велика Британија.

Стипендијата изнесува 900 фунти месечно за универзитети надвор од Лондон, односно 1 000 фунти месечно за универзитети лоцирани во Лондон, за покривање на трошоците за сместување и исхрана. Патните трошоци се на товар на кандидатите.

Услови за конкурирање:

- Завршени академски универзитетски студии од прв циклус со просечен успех над 8,00.

- Одлично познавање на англиски јазик.

- Да не се постари од 30 години.

- Да имаат обезбедена согласност од соодветна институција од Велика Британија за реализација на студискиот престој.

Потребни документи за конкурирање:

1. Молба, вклучително адреса на живеење, e-пошта и телефон за контакт.

2. Биографија (CV).

3. Предлог-програма за истражување, на една страница, формат А4.

4. Согласност од институцијата во Велика Британија за прифаќање на студискиот престој.

5. Фотокопија од диплома за завршено образование (заверена кај нотар).

6. Две препораки од универзитетски професори или истражувачи, во запечатени пликови.

7. Потврда за познавање на англискиот јазик (ТОЕФЕЛ, ИЕЛТС или др.).

8. Пополнет формулар (од www.britishscholarshiptrust.org) и две фотографии.

Повеќе информации можете да најдете на веб-страницата на Министерството за образование и наука.

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…