Конкурс за Еразмус+ мобилности

Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип врз основа на Еразмус+ универзитетски чартер бр. 256492-EPP-1-MK-EPPKA3-ECHE распишува Конкурс за Еразмус+ мобилности за академската 2020/2021 година, почнувајќи од летен семестар и тоа за:

  1. Мобилности за студенти

- студенти на додипломски студии – прв циклус студии, со запишан најмалку трет семестар;

- студенти на втор циклус студии;

- студенти на трет циклус студии.

Право на аплицирање имаат редовните студенти на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

Конкурсот е отворен за:

- 30 студентски мобилности за студии

- 15 студентски обуки (пракса).

Потребни документи за аплицирање:

- пополнет образец за студент;

- фотокопија од индекс (прва страница);

- уверение за положени испити;

- кратка биографија;

- мотивациско писмо;

- две препораки од професори/асистенти;

- фотокопија од потврда за познавање на странски јазик;

- фотокопија од други сертификати.

Повеќе информации за потребните документи можат да се најдат на овој линк:

http://cmus.ugd.edu.mk/index.html

  1. Мобилности за вработени

Наставнички кадар за мобилност во високообразовните институции во ЕУ (1 недела до 5 работни денови). Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу Универзитетот и ЕУ универзитетите).

Конкурсот е отворен за 10 мобилности за нaставнички кадар и 5 мобилности за административен кадар:

Потребни документи:

  • Изјава за вработен;
  • Mobility Agreement Staff Mobility for Teaching/Training;
  • Образец за селекција на вработени (наставнички кадар или администрација) за учество во Еразмус+ програмата;
  • Сертификат за познавање на англиски јазик.

Повеќе информации за потребните документи можат да се најдат на овој линк:

http://cmus.ugd.edu.mk/index.html

Целата документација треба да биде на македонски јазик. Документите се доставуваат лично во Одделението за меѓународна соработка (Кампус 2) или по пошта на адреса:

Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип

Одделение за меѓународна соработка (Еразмус +)

(Кампус 2)

Бул. „Крсте Мисирков“ 10-А, п. фах 201

2000 Штип, Р. Македонија

Документите што ќе бидат поднесени електронски нема да бидат разгледувани.

Конкурсот е отворен од 14 септември до 16 октомври 2020 година.

Последен пат изменето на Среда, 16 Септември 2020 13:02
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…