КОНКУРС ЗА ЕРАЗМУС+ ПРОГРАМАТА за студентска мобилност за студии и обука

Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип врз основа на Еразмус+ универзитетски чартер  бр. 256492-EPP-1-MK-EPPKA3-ECHE распишува Конкурс за Еразмус+ мобилности за академската 2021/2022 година почнувајќи од зимски семестар и тоа за:

  1. мобилности за студенти:

- студенти на додипломски студии – прв циклус студии, со запишан најмалку трет семестар;

- студенти на втор циклус студии;

- студенти на трет циклус студии.

Право на аплицирање имаат редовните студенти на Универзитет „Гоце Делчев“.

Конкурсот е отворен за:

- 30 студентски мобилности за студии

- 20 студентски обуки (пракса)

 

Потребни документи за аплицирање:

- пополнет образец за студент;

- фотокопија од индекс (Прва страна);

- уверение за положени испити;

- кратка биографија;

- мотивациско писмо;

- две препораки од професори/асистенти;

- потврда за познавање на странски јазик;

- копија од сертификати.

 

Повеќе информации за потребните документи можат да се најдат на овој линк:

http://cmus.ugd.edu.mk/index.html

Важни информации:

Селектираните кандидати се должни да се информираат за организирање на мобилноста во услови на пандемија со Ковид19 (за условите на патување и за начинот на организирање на наставата, кандидатите треба да ја контактираат одбраната институција и надлежните од амбасадата на одбраната држава во која ќе се реализира мобилниста).

Еразмус + праксата ќе може да се реализира во периодот помеѓу Јуни – Октомври 2021.

Целата документација треба да биде на македонски јазик. Документите се доставуваат лично во Одделението за меѓународна соработка (Кампус 2) или по пошта на адреса:

Универзитет „Гоце Делчев’- Штип

Одделение за меѓународна соработка (Еразмус+)

(Кампус 2)

Бул. „Крсте Мисирков“ 10-А, п. фах 201

2000 Штип, Р. Македонија

Документите што ќе бидат поднесени електронски нема да бидат разгледувани.

Конкурсот е отворен од 15 февруари 2021 до 15 март 2021 година.

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…