Министерството за здравство со Јавен оглас за специјализации

Министерството за здравство објави Јавен оглас за запишување кофинансирана приватна специјализација или супспецијализација за доктори на медицина кои имаат запишано приватна специјализација вработени во приватни здравствени установи, други правни лица и невработени за 2016 година.

Со стекнување на статусот на приватен специјализант, односно приватен супспецијализант преку програмата за кофинансирање, здравствениот работник заснова работен однос на определено време со јавната здравствена установа за којашто се пријавил за специјализација односно супспецијализација за периодот на спроведување на специјалистичкиот стаж до полагање на специјалистичкиот, односно супспецијалистичкиот испит, при што има право на плата во висина од една просечна месечна плата во Република Македонија исплатена за претходната година и други надоместоци од плата, согласно со закон.

По завршувањето на специјализацијата, односно супспецијализацијата, здравствените работници се вработуваат без објавување на оглас во јавната здравствена установа за којашто се пријавиле за специјализација, односно супспецијализација.

Повеќе информации можете да најдете на веб-страницата на Министерството за здравство.

Последен пат изменето на Вторник, 15 Март 2016 16:05
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…