Стипендии на француската влада за студии во Франција

Конкурсот е отворен за кандидати кои се заинтересирани да следат студии во Франција, на ниво мастер или докторат. Приоритет ќе им биде даден на студии во области кои не постојат или се недоволно развиени во земјава.

Стипендијата ги покрива животните трошоци, како и трошоците за школарина во Франција во период од максимум девет месеци, вклучувајќи го и здравственото осигурување.

Статусот стипендист на француска влада им овозможува и други предности на стипендистите.

Зошто да студирате во Франција?

Заради високиот квалитет на француското високо образование и наука.

Франција располага со еден од најдобрите високообразовни системи во светот. Бројот на Нобелови награди и Филдсови медали доделени на француските научници го потврдува квалитетот на универзитетите и француските истражувачки центри во различните области, како што се физиката, математиката, економијата...

Таа го зазема петтото место на рангирање според Шангајската листа, со 21 високообразовна институција, од кои четири во првите 100. Вкупно 18 мастери во областа на менаџментот во рангирањето на „Financial times“ се издаваат од француските специјализирани школи за трговија.

Француските успеси во полето на технологијата и индустријата во секторите за вселенски истражувања, транспорт, нуклеарна енергија, телекомуникации и дигитални науки се плод на квалитетот на студиските програми на француските универзитети и високите елитни школи.

Франција е отворена и привлечна земја за студенти и научници

Франција е трета земја во светот според прием на странски студенти. 295.000 студенти ја избрале Франција или 7% од вкупниот број на странски мобилни студенти во светот.

Политиката на еднаков третман на француските и странските студенти придонесува за атрактивноста на Франција. Трошоците за школарина во државниот сектор се многу ниски и сите студенти ги уживаат истите социјални права без разлика на нивното потекло: здравствено осигурување, помош за сместување итн.

Да се студира во Франција: адут за професионална кариера

Студирањето на француски универзитет е привилегирана можност да се добие одлично образование, да се запознае друга култура на личен и професионален план и да се научи или усоврши францускиот јазик. Сето ова придонесува студентот да се здобие со идеален профил за влегување на пазарот на трудот било во неговата родна земја, било во некоја друга земја од огромниот франкофонски простор на петте континенти.

Потребни документи за пријавување:

• Пополнето барање за стипендија;

• Потврда дека кандидатот конкурирал на мастер или докторат (кандидатите треба да презентираат потврда дека конкурирале или копија од остварена кореспонденција со францускиот универзитет; стипендијата се активира по добивањето на официјален документ за прием);

• Копија од диплома и уверение за положени испити со заверен судски превод на француски јазик;

• Две препораки од професори;

• Писмо за мотивација во кое кандидатот треба да ги изнесе своите видувања за начинот и конкретната примена на здобиените знаења од студирањето по враќањето во земјата;

• Потврда за познавање на францускиот јазик;

• Биографија (Curriculum vitae);

• Една фотографија.

Некомплетните барања нема да бидат разгледувани.

По извршената претселекција врз основа на документите, кандидатите ќе бидат повикани на разговор.

Целосната документација, во два исти примероци, од кои еден на француски и еден на македонски јазик, треба да биде доставена во предвидениот рок во Одделот на Кампус Франс, на адресата дадена подолу.

Ниту еден друг документ нема да биде примен по тој датум (освен потврдата за дефинитивниот прием).

За сите дополнителни информации можете да се обратите во:

Оддел на Кампус Франс во Француски институт

Градски ѕид, блок 5, п. фах 388, 1000 Скопје

Тел.: 02/3129 288

Лице за контакт: Сузана Пешиќ

е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Краен рок за пријавување e 30 април 2016 година.

Последен пат изменето на Петок, 15 Април 2016 12:18
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…