Француската влада доделува стипендии за мастер и докторски студии

Се зголемуваат можностите за стипендирање за студентите во Р. Македонија. Француската влада објави Конкурс за стипендирање на студии во Франција, кои се наменети за кандидати кои се заинтересирани да следат студии во Франција, на ниво на мастер и докторат.

Пожелно е студентите да имаат соодветно познавање на францускиот јазик, но постојат и програми на англиски јазик. Стипендијата ги покрива животните трошоци, како и трошоците за школарина во Франција, во период од најмногу девет месеци, вклучувајќи го и здравственото осигурување. Конкурсот е отворен до 30 април 2016 година, а повеќе информации можат да се најдат на веб-страницата на Францускиот институт во Скопје, на следниов линк:

http://ifs.mk/mk/Home/StudyFranceContent/868 

Последен пат изменето на Петок, 15 Април 2016 12:18
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…