ИАСТЕ организира семинар за студенти: Тренинг и мотивација

Организацијата ИАСТЕ Македонија, во склоп на кампањата за нови членови, традиционално организира семинар за тренинг и мотивација. Оваа година семинарот ќе се одржи на 16 и 17 aприл во планинарскиот дом „Смрека”, кој е сместен во Скијачкиот центар на Попова Шапка.

Цената за учество на семинарот изнесува 800 денари. Котизацијата за настанот е 800 денари (тргнување од Скопје во 8 часот) и во цената се вклучени: транспорт, сместување, храна, пијалаци и сите активности. Сите заинтересирани можат да се пријават тука.

Сите студенти се поканети и добредојдени на викенд мотивација, дружење и меѓусебно запознавање.

ИАЕСТЕ Македонија е независна, невладина, неполитичка, волонтерска и студентска организација која овозможува размена на студенти од техничките факултети за извршување на стручна пракса. Таа е полноправен член на Меѓународната организација ИАЕСТЕ. ИАЕСТЕ Македонија им овозможува на студентите по наука, инженерство, технологии и применети уметности платена техничка пракса во областа на нивните студии.

Последен пат изменето на Петок, 15 Април 2016 12:18
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…