OmniPapers објави Конкурс за најдобар есеј

Да се биде добар студент е предизвик. Многу студенти се принудени да плаќаат за нивното образование и да живеат во студентски домови или хостели, така што мораат да ги комбинираат нивните студии со работа.

Како резултат на ова, студентите не се во можност да работат на нивните есеи или домашни задачи, така што често се обраќаат кај сервиси специјализирани за помош при креирањето на есеи. Една од можностите што студентите од цел свет ја користат за оваа цел е платформата OmniPapers.

Водени од овие факти, платформата OmniPapers објавува Конкурс за најдобар есеј на тема „Идеалниот модел на високо образование во мојата земја“. Првите три најдобри есеи ќе добијат парични награди и тоа: прво место – 500 американски долари, второ место – 200 американски долари и трето место – 100 американски долари.

Право на учество во Конкурсот имаат студентите од цел свет, на возраст од 20 до 25 години.

Есеите треба да содржат од 1.000 до 1.500 зборови и треба да бидат испратени во Word или PDF формат на е-адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Во насловот на пораката задолжително треба да стои: OmniPapers Writing Contest”, а во телото на пораката треба да биде наведено името на авторот на есејот.

Крајниот рок за испраќање на есеите е 30 јуни 2016 година.

Сите дополнителни информации за овој Конкурс може да се најдат на овој линк.

Последен пат изменето на Петок, 15 Април 2016 12:17
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…