Натпревар за подобрување на искуството на потрошувачите во брендовите за брза мода

Со брзото развивање на пазарот и со драстичното растење на бројот на продажни салони за облека во Скопје, брендовите за брза мода Motivi, Oltre, Tally Weijl се соочуваат со голем проблем при истакнување на пазарот. Целта на овој проект е да се пронајдат начини како да се задржат старите и да се стекнат нови лојални купувачи преку подобрување на потрошувачкото искуство.

Што треба да направиме за да ги ангажираме и анимираме нашите потрошувачи за да ги задржиме како лојални?

ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ?

  • Предлог-решението да биде поткрепено со истражување (примарно и секундарно).
  • Да се разгледа внимателно што прави конкуренцијата во Македонија и во светот.
  • Да се дознае што е она што ги тера потрошувачите да купуваат од еден бренд.
  • Да се направи стратегија (маркетинг/бренд/иновација/дизајн/бизнис).

ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА ДА УЧЕСТВУВАТЕ?

  1. Да го пополните овој онлајн формулар.
  2. Да бидете подготвени за предизвик.
  3. Целосно да се посветите на проектот.
  4. Да присуствувате на сите работилници.

Победничкиот тим ќе освои награда од 25.000 денари.
Максималниот број на апликанти е ограничен на 30.

Краен рок за пријавување е 18 април 2016 година.

Повеќе информации за натпреварот можат да се најдат на овој линк

 

Последен пат изменето на Петок, 15 Април 2016 12:17
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…