Бесплатни обуки за почнување бизнис

ПСМ Фондација во рамките на проектот „Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на трудот преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување“ објавува повик за пријавување на бесплатни обуки за почнување бизнис, кои ќе се реализираат на крајот од април.

Во рамки на обуките, учесниците ќе имаат можност да научат како успешно да започнат сопствен бизнис и да изработат бизнис план. Со помош на искусни предавачи, избраните кандидати ќе ја научат основата на бизнисот преку предавања кои ќе ги вклучат клучните теми, како: изработка на бизнис план, планирање на финансии, вработени, комуникација, маркетинг, продажба итн. Обуката ќе трае три дена.

По завршувањето на обуката, учесниците ќе имаат можност за учество во Натпревар за бизнис план, на кој најдобрите бизнис идеи ќе бидат финансирани со неповратни средства по 3.000 евра.

Доколку сте на возраст 18-30 години, пополнете ја апликацијата.

Прочитајте го официјалниот повик на веб-сајтот.

Последен пат изменето на Четврток, 21 Април 2016 13:47
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…