Конкурс за доделување на стипендии за постдипломски студии од Министерството за образование на Јапонија за 2017 - 2019 година

Доделените стипендии се однесуваат за усовршување или постдипломски студии:

а) Усовршување: времетраењето на стипендиите е две години (април 2017 - март 2019 год.) или една и пол година (октомври 2017 -  март  2019 год.);

б) Постдипломски студии - магистратура или докторат (април или октомври 2017 година). 

Првите шест месеци од престојот се посветени на изучување на јапонскиот јазик. 

Стипендиите се наменети за усовршување или постдипломски студии во сите научни области. На кандидатите не им е дозволено да се усовршуваат или да ги реализираат постдипломските студии во Јапонија во област што не е сродна со областа во којашто ги завршиле своите додипломски студии. 

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:

  1. Да се државјани на Република Македонија;
  2. Да не се постари од 35 години во периодот на започнување на престојот во Јапонија; 
  3. Да се стекнале со универзитетска диплома или да се пред завршување на студиите (да дипломираат до март или септември 2017 год.);
  4. Да бараат усовршување во својата или сродна научна област;
  5. Да се согласни да го изучуваат јапонскиот јазик.

Стипендијата вклучува: 

  1. Месечен надоместок:~143.000–145.000 јапонски јени/месец;
  2. Авионски билет (Македонија – Јапонија – Македонија);
  3. Школарина.

Потребни документи за конкурирање:

(1) Пополнета апликација (веб-страница на МОН) и две (2) оригинални фотографии (4,5 x 3,5 см);

(2) Област на студии и Програма за планот на истражување (веб-страница на МОН);

(3) Уверение за положени испити со оценки и просечен успех (оригинал или фотокопија заверена на нотар) и негов превод на англиски јазик од овластен судски преведувач; 

(4) Диплома за завршен факултет (или потврда издадена од факултетот дека кандидатот ќе дипломира до март или сeптември 2017 година - оригинал или фотокопија заверена на нотар) и нејзин превод на англиски јазик од овластен судски преведувач;

(5) Препорака од декан или универзитетски професор (веб-страница на МОН);

(6) Апстракт од тезите на англиски јазик;

(7) Препорака од работодавецот на англиски јазик (за кандидатите кои се вработени);

(8) За кандидати од областа на уметноста или музиката: фотографија на лично изработено дело или снимено музичко дело на ЦД; 

(9) Пријава (веб-страница на МОН).

Сите документи се приложуваат во 3 (три) примероци (1 оригинал и 2 обични фотокопии) во архивата на Министерството за образование и наука (поранешна зграда на Нова Македонија – приземје) или по пошта на адреса: Министерство за образование и наука, Сектор за наука и иновации, ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје.

Потребните документи за поднесување на кандидатите, како и подетални информации може да се најдат тука.

Лице за контакт: Јулијана Балевска, Сектор за наука и иновации,

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

тел.: +389 2 3140 186.

Краен рок за пријавување: 20 мај 2016 година.

 

Последен пат изменето на Вторник, 26 Април 2016 13:17
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…