Приказ на предметите според таг: studenti
Григориј Ангов, успешен студент на Машински факултет на УГД: „Секој млад човек прво треба иднината да ја гледа во својата земја, но и таа треба да се потруди“
Со просек 9,8, Григориј Ангов бил студент со највисок просек во својата генерација. Овој дипломец на Машинскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип веќе успешно се носи со предизвиците на работното место во компанијата „Адиент“ во Струмица, која е светски реномирана компанија за производство на навлаки за автомобилски седишта.
Студентската организација СОМА вклучена во акција за доделување на новогодишни пакетчиња
Студентската организација за студенти по медицина (СОМА) се вклучи во хуманитарната акција за доделување на новогодишни пакетчиња за дечиња од одделот за Педијатрија при Клиничката болница во Штип, дечињата од Специјалната паралелка за деца со посебни потреби од училиштето „Ванчо Прќе“ во Штип, Мал групен дом и Центарот за аутизам.
Успешна крводарителска акција на Универзитетското студентско собрание
Универзитетското студентско собрание на УГД во соработка со Општинската организација на Црвен крст – Штип и Службата за трансфузиона медицина организираше крводарителска акција. Оваа хуманитарна активност беше организирана по повод светскиот ден на студентите, 17 ноември.
Отворена програмата за студенти амбасадори на Мајкрософт
Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип во соработка со Мајкрософт нуди една нова програма Student Ambassadors Programme (Програма за студенти амбасадори). Сите активни студенти можат да бидат дел од глобалната група на амбасадори кои се желни да им помогнат на студентите и нивните заедници.
Повик за учество во онлајн спортски предизвик
Почитувани студенти на УГД,
Пандемијата ни ја ограничи можноста за движење, но не и мотивацијата, спортскиот и натпреварувачкиот дух. За да го потврдиме тоа, ве повикуваме да се приклучите во Меѓународниот универзитетски виртуелниот спортски предизвик организиран од страна на Универзитетот во Антверпен – Белгија. Регистрирајте се на линкот и вклучете се во еден од трите виртуелни предизвици во фудбал, одбојка и кошарка.