Приказ на предметите според таг: umetnost

На Изборно собрание на Сојузот на композиторите на Македонија, што се одржа на 13.2.2021 г., беа избрани новите членови на раководните тела на ова Здружение за следниот мандат од две години.

За претседател на Претседателството на СОКОМ редовните членови ја избраа композиторката проф. д-р Валентина Велковска-Трајановска, со што таа воедно станува и првата композиторка која застанува на чело на оваа институција во нејзиното седумдецениско постоење.

Професорката на Музичката академија при УГД-Штип, музиколог д-р Стефанија Лешкова-Зеленковска беше избрана во новото претседателство кое го сочинуваат и композиторите проф. Живојин Глишиќ, проф. м-р Јана Андреевска, проф. д-р Горан Начевски, м-р Борис Светиев и музикологот д-р Мирјана Павловска-Шулајковска.

За претседател на Собранието на СОКОМ е реизбран проф. д-р Јане Коџабашија.

Објавено во Уметност

Со Рисима Рисимкин, кореограф, уметнички директор на меѓународно реномираниот „Танц фест Скопје“, основач на Културниот центар „Интерарт“ за современ танц, а од  декември 2020 г. и декан на Катедрата за современ танц на државно ниво при Универзитетот „Гоце Делчев“ разговаравме за местото на македонскиот современ танц во светски рамки.

Објавено во Уметност
Понеделник, 14 Декември 2020 13:02

Повик за млади композитори

Организацијата  „Balkan Jazz Orchestra” распиша повик за млади композитори од Балканот, меѓу кои и за композитори од Република Северна Македонија.

Објавено во Уметност

Во Културно-информативниот центар на РС Македонија во Истанбул, на 10.11.2020 година (вторник), беше отворена изложбата на скулптури од галериски формат насловена „Метафора на телесното“ од авторот Слободан Милошески.

Објавено во Уметност

Композицијата за две пијана „Дали паметиш Милице“ - Ноктурно оп. 52 б на македонскиот композитор Димитрије Бужаровски е снимена онлајн, за време на карантинот.

Објавено во Уметност
Страница 4 од 37

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…