Сабота, Ноември 23 2024
Следете нè

Конкурс за стипендии за мастер студии во Франција

Владата на Франција објави Конкурс за стипендии за студенти кои сакаат да следат мастер студии во Франција.

Конкурсот е отворен за кандидати кои се заинтересирани да следат студии во Франција, на ниво мастер.

Стипендијата ги покрива трошоците за школарина во Франција (во рамките на тоа што е предвидено според важечката регулатива во износ од максимум 4500 евра), како и животните трошоци во период од максимум девет месеци.

Статусот стипендист на Француска влада им овозможува и други предности на студентите (сместување во студентски дом, комплетно здравствено осигурување, различни услуги при пристигнувањето…).

Стипендистите се обврзуваат да ги следат студиите во Франција. Престои во други земји (во рамки на програмите за размена Еразмус+ или друга програма) не се дозволени за времетраење на стипендијата.

Кандидатите треба да бидат македонски државјани,  на возраст до 30 години, и да имаат познавање на француски јазик.

Потребни документи за пријавување:

  • Пополнет формулар за барање за стипендија;
  • Фотокопија од документ за лична идентификација (пасош или лична карта);
  • Потврда дека кандидатот конкурирал на мастер (кандидатите треба да презентираат потврда дека конкурирале или копија од остварена кореспонденција со францускиот универзитет. Стипендијата се активира по добивањето на официјален документ за прием);
  • Копија од последна диплома и уверение за положени испити (доколку оригиналите се на македонски или некој друг јазик, документите ќе треба да се достават со заверен судски превод на француски јазик);
  • Најмалку една препорака од професор;
  • Писмо за мотивација во кое кандидатот треба да ги изнесе своите видувања за начинот и конкретната примена на здобиените знаења од студирањето, по враќањето  во земјата;
  • Потврда за познавање на француски јазик (не е задолжителна, меѓутоа ѝ дава дополнителна вредност на кандидатурата);
  • Биографија (Curriculum Vitae);
  • Една фотографија.

Комисијата за доделување на стипендии ќе ги информира кандидатите за дефинитивната одлука во текот на јули 2023 година.

Целосната документација треба да биде на француски јазик, во еден примерок, доставена или пратена по пошта во предвидениот  рок до  Одделот на Кампус Франс на следнава адреса:

Оддел на Кампус Франс во Француски институт

Ул. „Св. Кирил и Методиј“, бр.48, п. фах 388, 1000 Скопје

Една скенирана копија, во PDF формат, да се испрати на следнава електронска адреса: bourses@ifs.mk

За сите дополнителни информации можете да се обратите во Одделот на Кампус Франс во Францускиот институт.

Краен рок за пријавување: 31 мај 2023 година.

Комплетниот Конкурс можете да го најдете на следниов линк:

https://ifs.mk/appel-a-candidatures-aux-bourses-du-gouvernement-francais/