Семинар „Гените и животната средина“

Во рамките на состанокот на кодиректорите на НАТО проектот „A Field Detector for Genotoxicity from CBRN and Explosive Devices”, чиј раководител од македонска страна е проф. д-р Татјана Рушковска од Факултетот за медицински науки, во петок (16.2.2018 година), со почеток во 12.30 часот, во свечената сала на Кампус 2 ќе се одржи семинар на тема „Гените и животната средина“.

На семинарот со свои излагања ќе се претстават: проф. д-р Георги Милошев, Laboratory of Yeast Molecular Genetics, Institute of Molecular Biology, Bulgarian Academy of Sciences; проф. д-р Милена Георгиева, Laboratory of Yeast Molecular Genetics, Institute of Molecular Biology, Bulgarian Academy of Sciences, проф. д-р Чанг Хуишин, CUNY Graduate Center, Institute for Macromolecular Assemblies, CUNY, Biology Department, College of Staten Island, CUNY, USA; проф. д-р Невенка Величкова, Факултет за медицински науки, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип (Faculty of Medical Sciences, Goce Delcev University, Stip) и проф. д-р Татјана Рушковска, Факултет за медицински науки, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип (Faculty of Medical Sciences, Goce Delcev University, Stip).

Пријавување на слушатели кај м-р Михаил Александров (Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.), најдоцна до 12.2.2018 год.

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…