(Видео) Промовирани првите докторанди на Факултетот за медицински науки

Преку докторски пилот проект денес докторите Жан Митрев и Тања Анѓушева ги промовираа своите докторски истражувања како први докторанди на Факултетот за медицински науки.

Докторката Тања Анѓушева потенцираше дека ова за неа е од исклучително значење и особено е горда што е една од првите докторанди на Факултетот за медицнски науки.

Навистина ми е драго што сум од првата генерација докторанди на на ФМН на УГД. Мене ментор ми е проф. д-р Милка Здравковска, а темата е ултразвучна евалуација на бенефитот од реконструктивните хирургија од аортната стеноза. Целта на денешниот настан да се презентираат првичните искуства и првичните резултати од она што е добиено од научната работа која следи долги години наназад. Да се презентира начинот како се работи стручно, научно и собирање на литература, како и формирање на дата бази. За мене ова значи завршница на една работа што сум ја започнала од 2002 година. За самиот факултет ова е значајно затоа што првата генерација е потврда и доказ дека завршува успешно и тоа треба да е стимулус за други колеги, изјави Тања Анѓушева.

На настанот професори од УГД ја презентираа дел од научните истражувања и порачаа на сите актуелни и идни докторанди дека Факултетот за медицински науки ги усвојува европските практики во овој сегмент.

Ние ја следиме тенденција на европските трендови. Во тој контектст е и денешнитот акадмески семинар. Тенденцијата и не европската асоцијација на универзитети е креирање на општество базирано на знаење во кое науката и докторатите имаат една огромна улога во смисол на линк на знаењето, истражувањето и иновативноста. Би сакала да нагласам дека УГД е веќе членка на европската асоцијацја на Универзитети, а сеа правиме напор да станеме членка на советот за докторско образование, изјави проф. д-р Ленче Милошева од Факултетот за медицински науки.

Проф. д-р Татјана Рушковскка како претседател на наставно научниот совет на третиот циклус на студии истакна ова е прв докторски семинар на школата за докторски студии, но тенденцијата е ова да стане редовна пракса.

Овие семинари и презентации на пилот проекти се вклучени во студиската програма на третиот циклус студии и се дел од она што е редовно образование на нашите докторатни. Ми претсатавува особена чест и задоволство што на овој начин ги градиме темелите на школата за доткроски студии, изјави проф. д-р Татјана Рушковска од ФМН.

Пилот проектите беа : ВРЕДНОСТА НА ГЕОМЕТРИСКАТА РЕКОНСТРУКТИВНА ХИРУРШКА МЕТОДА ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА ПОСТИНФАРКНАТА АНЕВРИЗМА НА ЛЕВАТА КОМОРА НА СРЦЕТО на д-р Жан Митрев, а Ментор: проф. д-р Милка Здравковска. И пилот проектот на Д-р Тања Анѓушева со наслов: УЛТРАЗВУЧНА ЕВАЛУАЦИЈА НА БЕНЕФИТОТ НА РЕКОСНТРУКТИВНАТА ХИРУРГИЈА НА АОРТНАТА СТЕНОЗА, а ментор проф. д-р Милка Здравковска.

Последен пат изменето на Вторник, 22 Мај 2018 15:09
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…