Годишна конференција на Советот за докторско образование на Европската асоцијација на универзитети

Од 12 до 14 јуни 2019 год. на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Бреша, Италија, проф. д-р Ленче Милошева учествуваше на Годишната конференција на Советот за докторско образование на Европската асоцијација на универзитети.

Во улога на советник за наука и научна соработка на Универзитетот „Гоце Делчев" - Штип, во 2018 год. по нејзина поднесена апликација УГД доби полноправно членство во Советот за докторско образование (EUA-CDE).

Фокусот на конференцијата беа различните начини на кои докторандите и докторското образование се поврзани и придонесуваат во општеството, како и политиките и праксите во европските земји. Беа споделени различни искуства на теми за релациите помеѓу докторското образование и одржливите развојни цели, интерсекторската мобилност и научна соработка, и линкот помеѓу науката, комуникациите и докторското образование.

Универзитетот „Гоце Делчев" - Штип е единствен универзитет во регионот кој стана полноправен член во Советот за докторско образование на европската асоцијација на универзитети (EUA-CDE).

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…