Save the date: Тркалезна маса на тема ‘A Bordering Power Europe? Exploring tensions between rights and fear’, 10.12.2020, 11 p.m. (MS Teams)

Тркалезна маса на тема „A Bordering Power Europe? Exploring tensions between rights and fear“ ќе се одржи на 10.12.2020 г., од 11 до 13 часот.

На тркалезната маса ќе учествуваат: Микела Чекорули (Michela Ceccorulli) од Универзитетот во Болоња, Ана Никодиновска-Крстевска од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Овен Паркер (Owen Parker) од Универзитетот Шефилд, Александра Продромиду (Alexandra Prodromidou) од Универзитетот Шефилд - Сити Колеџ; Андраш Шалаи (András Szalai) од Централноевропскиот универзитет и Стефано Бјанкини (Stefano Bianchini) од Универзитетот во Болоња, кој ќе претседава со настанот. Тркалезната маса се организира во рамките на Жан Моне проектот за вмрежување „Нови европски граници – БОРДЕУР“ предводен од Централноевропскиот универзитет во кој како партнер институција учествува и Правен факултет при Универзитет „Гоце Делчев“.  

Тркалезната маса ќе се одржи на англиски јазик.  

Тркалезната маса е отворена за јавноста, така што може да се приклучат заинтересирани студенти или слушатели на линкот што е содржан во флаерот на настанот со кликање на „join” или пак на следниот линк.

Flyer Roundtable 10 december 2020

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…