Професорот Рубин Гулабоски меѓу најдобрите светски научници според листата на Универзитетот Стенфорд

Професорот Рубин Гулабоски и Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип за првпат се најдоа на листата на највлијателни научници на  Универзитетот Стенфорд во САД.

Професорот Гулабоски е рангиран во 2% најдобри и највлијателни светски научници за 2020 година.  Покрај професорот Гулабоски, на листата од Македонија се и проф. Валентин Мирчески од Природно-математичкиот факултет при УКИМ во Скопје, професорот Љупчо Коцарев (претседател на МАНУ), како и  професорите Јанев (МАНУ) и Леонид Грчев (МАНУ), Стафилов (ПМФ СКОПЈЕ, професор во пензија) и Иван Грозданов (ПМФ Скопје, професор во пензија).

Листата на најдобрите 2% светски научници за 2020 година е резултат на опсежни анализи на научниците од  Универзитетот Стенфорд, за чие формирање се анализирани голем број на релевантни индикатори како што се број на објавени трудови, цитираност, вкупен број на објавени трудови, h-index на цитираност, број на поминати години од првиот објавен труд на научниците, како и вкупен импакт во соодветното поле на истражување. Трудот на еминентните научници од  Универзитетот Стенфорд (Citation: Ioannidis JPA, Boyack KW, Baas J (2020) Updated science-wide author databases of standardized citation indicators. PLoS Biol 18(10): e3000918. https://doi.org/10.1371/journal.pbio.3000918) е објавен во еминентното списание „PloS Biol“ и може да се најде на следнава веб-страница:

Updated science-wide author databases of standardized citation indicators

Последен пат изменето на Четврток, 10 Декември 2020 12:51
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…