2021 Тематска работилница на Советот за докторско образование – Европска Асоцијација на универзитети (EUA-CDE): Вештачка интелигенција, менаџирање со податоци и дигиталниот свет на докторското образование

По покана на претседателот на Советот на докторско образование на Европската асоцијација на универзитети (EUA-CDE), проф. д-р Ленче Милошева од Факултетот за медицински науки учествуваше на 2021 EUA-CDE Тематска работилница како предавач, со презентирање на тема „EUA-CDE Заедница за дигитално ментално здравје“.

Програмата на работилницата беше поделена во два главни работни дела. Во едниот дел вебинарите беа достапни за сите поддржувачи на докторското образование и вториот дел со неколку онлајн сесии резервирани само за членовите на Советот за докторско образование, во кој беше и презентацијата на проф. д-р Ленче Милошева за дигиталното ментално здравје и успешните искуствата на Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип од докторското образование. Презентацијата од предавањето и програмата можат да се видат на следниве линкови:

https://eua.eu/events.html?task=euaevents.downloadDoc&id=3055

https://eua.eu/events/140-2021-eua-cde-thematic-workshop.html

На 2021 Тематска работилница на Советот за докторско образование – Европска асоцијација на универзитети (EUA-CDE): Вештачка интелигенција, менаџирање со податоци и дигиталниот свет на докторското образование членовите на заедницата на EUA-CDE од повеќе од 260 европски универзитети се состанаа за да дискутираат за важни прашања поврзани со дигитализацијата од перспектива на докторското образование. Главниот фокус на овој настан беше на улогата на докторското образование во контекстот на овие рапидни технолошки и концептуални промени, како дигиталната технологија влијае на докторските школи и на кој начин тие можат ефикасно да ја искористат. Беа дискутирани потребите на докторандите за нов тренинг и нови вештини, вклучително и грижата за нивното ментално здравје и личен развој и беше понуден форум на размена на рефлексии и добри практики. Овој настан понуди можност членовите на Советот на докторско образование и поддржувачите во ова поле да ги дискутираат овие прашања и да идентификуваат иновативни решенија.

Последен пат изменето на Вторник, 26 Јануари 2021 12:37
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…