УГД на Годишна конференција на Советот на докторско образование -Европска асоцијација на универзитети (EUA-CDE)

Од 13 до 15 септември 2021 год. се одржа Годишната конференција на Советот на докторско образование - Европска aсоцијација на универзитети. Проф. д-р Ленче Милошева, редовен професор на Факултетот за медицински науки, активно учествуваше на конференцијата претставувајќи го Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.

Темата на конференцијата оваа година беше „Подготвување на докторското образование за постпандемискиот свет“. Преку пленарни и фокус групни онлајн сесии од различен вид, вклучително и можности за интерактивно учество, оваа конференција им понуди на претставниците од универзитети од пет континенти да споделат заедно идеи и добра пракса од своите институции за иднината на докторското образование, исправено пред предизвиците на актуелната Ковид-19 пандемија и криза.

Одржаната конференција беше најглобално ориентирана од сите досега одржани: сесиите со учесници од пет континенти укажаа на важноста на глобалната димензија на докторското образование и потребата и неопходноста да работиме сите заедно на профилирање на докторското образование и подготвување за иднината.

Пленарните предавачи и учесници дискутираа за теми како што се: соработката во докторското образование, нови вештини кои се неопходни и академскиот и личен развој на докторандите и млади истражувачи, важноста на академската слобода и влијанието на пандемијата врз докторското образование глобално.

Пандемијата имаше значајно влијание и ефекти и врз докторското образование во светот. Додека некои од ефектите беа слични, исто така постојат и разлики кои се поврзани со националните и регионалните контексти. Овие сличности, разлики и идеи за понатамошен развој на докторското образование беа дискутирани на отворањето и почетокот на конференцијата.       

Друг важен елемент беше првата јавна презентација и дискусија за резултатите од спроведеното истражување 2021 EUA-CDE за тековниот развој на докторското образование во услови на пандемија. Учесниците имаа можност да се запознаат со резултатите и да ги дискутираат со своите колеги преку виртуелни фокус групи. Добиените нови резултати од сите групни дискусии ќе бидат вклучени во финалниот извештај на истражувањето.

Уште една новина оваа година беше искреираната виртуелна платформа за настанот која им понуди на учесниците можности за нови академски контакти и поврзувања и вклучувања во веќе постоечките научноистражувачки мрежи, како и виртуелни интерактивни можности надвор од формалниот дел на настанот.

Последен пат изменето на Вторник, 21 Септември 2021 20:13
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…