УГД дел од проект за решавање на текстилниот отпад

Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип преку Технолошко-техничкиот факултет е партнер во проектот „Кружната економија како модел за решавање на текстилниот отпад во Општина Штип“, финансиран од  Глобалниот еколошки фонд ГЕФ ПМГ во Македонија.

Благодарение на овој проект комплетно е опремена лабораторија на ТТФ во која студентите ќе можат да изведуваат практична работа, но истата може да биде поволна можност за нови идни соработки и проекти. Како дел од активностите во проектот ТТФ ги произведе новите перничиња, јорганчиња, шалови и лејзи бегови од текстилен отпад од текстилните конфекции во Штип кои гордо беа презентирани од студентките на Технолошко-техничкиот факултет под менторство на професорката Сања Ристески. Студентките беа вклучени во целиот процес од почеток. Од дизајнирање, сепарација на добиените остатоци од материјали, полнење и дефилирање со моделите. Врвно и професионално, рамо до рамо со професионалните манекенки од „Skopje fashion week“ го завршија настанот презадоволни и со желба наскоро повторно да бидат ангажирани на некоја нова активност.

Покрај УГД, партнери во проектот се и Ино тех клуб - Штип и Фондацијата за развој на локалната заедница. Промоцијата на концептот на циркуларна економија и социјално претприемништво кое е во зародиш во нашата држава има огромен потенцијал за развојот на економијата. Академијата како еден од столбовите на партнерството, покрај невладините организации и компаниите, може многу да придонесе.

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…