Се одржа промотивниот настан во рамките на Проектот „Жан Моне“ (28.10.2021)

Се одржа промотивен настан во рамките на Проектот „Жан Моне“ – „ЕУ е-здравствено право и Северна Македонија: од тековна пракса до имплементација". Настанот се реализираше хибридно во просториите на Правниот факултет и преку MS Teams, a го отвори проректорот за настава проф. д-р Мишко Џидров. 

На настанот се промовираа проектната идеја, целите, активностите и досегашните истражувања од членовите на проектниот тим:  проф. д-р Кристина Мишева и проф. д-р Марија Амовска од Правниот факултет, проф. д-р Андреј Петров од Факултет за медицински науки и м-р Ристе Тимовски. Воедно им беа доделени сертификати на учесниците на курсот: ЕУ е- здравствено право, ИКТ и Биоетика за академската 2020/2021 година.

Последен пат изменето на Петок, 29 Октомври 2021 11:51
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…