(Видео) Факултетот за образовни науки промовираше два прирачника за ученици

Факултетот за образовни науки ги промовираше прирачниците „Математика низ игра, збор и разговор“  за деца од 2 до 4 години и „Математика низ игра, збор и разговор“ за деца од 4 до 6 години од авторките Елизабета Симоновска, Магдалена Стојанова, Јасминка Кукушева, Катица Трајкова, Цветанка Наковска, проф. д-р Снежана Мирасчиева и проф. д-р Снежана Јованова-Митковска.

Прирачниците се издадени од страна на Издавачката куќа „Просветно дело“, а соработката за изработка на истите е направена и со практичари од детските градинки.

  • Внатре се поместени активности кои се реализирани од сите автори кои се практичари и воспитувачи. Меѓутоа, без наука не е можно да се потврдат нашите достигнувања, ниту пак ние можеме да одиме напред, и затоа во авторскиот тим се и професори од Факултетот за образовни науки кои нѐ поддржуваат. Во овие прирачници има голем број активности кои ги задоволуваат барањата на децата - изјави Елизабета Симоновска, педагог во Детска градинка „Астибо“.

Покрај промоцијата на прирачниците, Факултетот за образовни науки потпиша и Договор за соработка со Сојузот на просветни работници.

  • ФОН покажува уште еднаш дека е жив и дека работи и во услови на пандемија ние продолжуваме да соработуваме и твориме - истакна проф. д-р Емилија Петрова-Ѓорѓева, деканка на Факултетот за образовни науки.

Во продолжение проследете ги изјавите од авторките на прирачниците и сите инволвирани во овој процес.

Последен пат изменето на Среда, 10 Ноември 2021 11:33
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…