Откријте дали сте далтонист

Далтонизам е нарушување во распознавањето на боите е заболување кое погодува 1 од 12 мажи, односно 1 од 100 жени. Здравите луѓе разликуваат околу 2.000 бои, а далтонистите значително помалку.

Постојат многу причини, но кај повеќето се работи за генетско нарушување, иако некои болести, како дијабетес или мултипна склероза, можат да бидат причина за слабеење на видот и појава на далтонизам.

Во Европа, САД и во Јапонија живеат вкупно 32,6 милиони далтонисти. На луѓето со вакво нарушување им е ограничена работата во преку 150 професии.

Ова нарушување првпат го опишал анлискиот научник Џон Далтон од негово лично искуство, затоа што не ги препознавал боите. Инаку, постојат три вида на далтонизам: непрепознавање на црвена боја, непрепознавање на зелена боја и непрепознавање на сина боја.

Луѓето кои го немаат ова нарушување тешко можат да ги разберат овие промени, но анимацијата со моливите добро го илустрира она што го гледаат луѓето кои не ги распознаваат боите. Она што би требало да го видите во анимацијата е дека моливите во различни бои постепено бледнеат.

Доколку не видите никаква промена на анимацијата во текот на 10 секунди, добро би било да посетите очен лекар.

Извор: www.net.hr.

 

Последен пат изменето на Четврток, 05 Ноември 2015 12:00
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…