Музика по вкус на вашата мачка

Вашиот вкус за музика е ужасен. Ова би го рекла вашата мачка, затоа што таа има целосно различно чувство за тоа што е добар звук.

Ние, луѓето, сакаме да слушаме звуци, вокали и темпа слични на отчукувањето на човечкото срце, додека мачките преферираат нешто посмирено, можеби поблиску до темпото на предењето.

Во март годинава, списанието Popular Science објави извештај на група научници кои правеле музика специјално за мачките. Музиката е компонирана од челистот Дејвид Тај, кој себе се нарекува иноватор во музика за различни животински видови.

Песните се одбивни за човековото уво, но мачките ги сакаат.
Во научен труд објавен во Applied Animal Behavior, Тај и двајца психолози од Универзитетот во Висконсин-Медисон покажаа дека мачките ја обожаваат оваа музика. Видео покажува како мачките стануваат и одат до звучник кој ги испушта овие звуци. Музиката е пуштена во продажба и чини 15 долари за целиот албум. Веќе за 1.000 долари можете да добиете и песна именувана по вашата мачка, а за 2.000 долари добивате наменски направена композиција само за вашата мачка.

Колку овој тренд ќе го обземе светот, останува да видиме.

Краток извадок од оваа музика може да се слушне на следниов линк: www.musicforcats.com

Извор: http://popsci.com 

Последен пат изменето на Понеделник, 09 Ноември 2015 10:50
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…