Јапонските научници измислија некршливо стакло

Јапонските научници измислија некршливо стакло кое е отпорно и на најсилни надворешни влијанија. Стаклото има посебна еластичност што го прави отпорно дури и на најсилни удари и не може физички да се оштети.

 

Овие карактеристики на новото стакло не се случајни, имено стаклото содржи алуминиумски оксид од составот Al2O3 минерал кој според Мохсовата скала е втор по цврстината, веднаш по дијамантот.

Иако цврстината на овие минерали е позната уште многу одамна, сепак можноста за нивна практична примена особено во производството на стакло до сега беше тешко остварлива. Хемичарите кои работеле на обидот да го инкорпорираат минералот во стаклената смеса се соочувале со проблемот наречен точка на нуклеација, односно претворање на водата во тврда состојба што го спречува хомогеното мешање на стаклото со црвстите минерали.

За да го решат овој проблем, јапонските научници користеле посебни ласери со јаглероден диоксид кој ги топи супстанциите и на тој начин ја неутрализирале точката на нуклеација.

Со овој метод наречен аеродинамична левитација, Jапонците произвеле совршено тенко, проѕирно, оптички идеално, а сепак некршливо стакло.

Извор:  http://www.clan5.com 

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…