Мајмуните можат да научат да се препознаат во огледало

За разлика од луѓето, мајмуните не сфаќаат дека кога гледаат во огледало го гледаат нивниот лик. Според труд објавен во списанието „Current Biology“, не значи дека тие не можат да го научат ова. Уште повеќе, мајмуните за време на истражувањето развиле чувство за себепознавање во огледало, а тие продолжиле да спознаваат делови од нивното тело кои не можат да ги видат на друг начин. 

 

Ова истражување направено кај мајмуните упатува на нови откритија во врска со свесноста на луѓето и останатите животни.    

„Нашите откритија покажуваат дека мозокот кај мајмуните ја има основната ’машина’ за себеспознавање, но на нив им е потребен соодветен тренинг или ’софтвер’ за да го усовршат ова себеспознавање“, вели Ненг Гонг од Кинеската академија на науките.

Откритијата на студијата дека мајмуните можат да научат да се спознаваат со помош на огледало се корисни во истражувањата на луѓето кои не можат да се препознаат себеси во огледало поради разни ментални нарушувања, ретардација, аутизам, шизофренија или Алцхајмерова болест, велат научниците.

Иако подобрувањето на себеспознавањето кај пациентите имплицира постоење на когнитивни, односно невролошки недостатоци во механизмите на мозокот, истражувањата ја отвораат можноста дека овие недостатоци можат да бидат поправени преку соодветен тренинг.

Извор: www.sciencedaily.com

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…