Места каде што е можен живот во нашата галаксија

Нашата галаксија не е толку многу добредојдена за живот како што се мислеше. Космичка радијација, експлозии од супернови, судири меѓу сончеви системи и сѐ останато ја прави нашата галаксија (Млечен пат) пеколно место за каква било биологија. Сепак, детална компјутерска симулација лоцира неколку добри места за живот во нашето соседство.

За да се поддржува живот каков што ни е познат, тие планети треба да имаат течна вода и да орбитираат во вистинското место на соларниот систем, не премногу близу, не премногу далеку од својата ѕвезда. Слично на тоа животот нема да се појави или да преживее долго во близина на центарот на галаксијата. Овде, во центарот на галаксијата, има голема густина на ѕвезди кои со текот на времето можат да експлодираат и да ги „спржат“ евентуалните озонски обвивки на планетите, а тие потоа да бидат изложени на огромната радијација.

Во оваа нова студија истражувачи водени од физичарот Данкан Форган од Универзитетот „Сент Ендрјус“ во Британија се фокусирале на региони далеку од центарот на галаксијата. Тие користеле компјутерска симулација да го моделираат целиот Млечен пат, но и блиските галаксии како Андромеда и галаксиите Триангулум. Тие симулирале дистрибуцијата на гас, ѕвезди и планетарни системи во таа огромна маглина од планетарни тела. Тие пресметале еволуција на галаксиите во текот на милијарди години додека ги мапирале зоните каде што е погоден животот.

„Ние сме првите кои гледаат како историјата влијае на галаксиите и нивната можност да развијат живот“. вели Форган

За секој тип на ѕвезда во симулацијата, Форган и неговите колеги ги пресметале можностите да се развијат карпести планети кои ќе бидат слични на Земјата или пак ќе бидат невозможни за живот како и Меркур. Тие ја пресметале и шансата да се формираат џиновски планети кои се големи како Нептун кои би се формирале во близина на некоја ѕвезда и кои би „помогнале“ за развој на живот на соседната планета, како на Земјата. 

Симулацијата, не изненадувачки, покажала дека потенцијални планети погодни за живот можат да се формираат далеку од зони кои во конгломерати на ѕвезди, каде што  веројатноста за супернова е поголема.  Тоа значи да се формираат планети погодни за живот на места каде што нема голема густина на ѕвезди.

Опсервациите од телескопот Кеплер на НАСА покажуваат дека голем број ѕвезди имаат планети кои се на „вистинското“ растојание од своите ѕвезди. Но не е само тоа пресудно за една планета да биде погодна за живот. Симулацијата покажува дека голем дел од планетите кои се наоѓаат поблизу до центарот на галаксијата се со помали шанси да развијат живот, оние кои се кон работ на галаксијата имаат поголеми шанси да развијат планети кои се погодни за живот, се вели во трудот што е објавен во Меѓународниот журнал за астробиологија.

Моделирањето покажало дека не само ѕвездите туку и еволуцијата на галаксиите има влијание во целиот процес.

Последен пат изменето на Понеделник, 14 Декември 2015 09:27
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…