Астронаутот Пик ќе трча маратон во вселената

Лондонскиот маратон е еден од најголемите спортски настани во светот кој го држи Гинисовиот рекорд како спортски настан што донира најмногу средства за хуманитарни цели. Учесниците на овој маратон во 2009 година собраа и донираа речиси 66 милиони евра, а од своето основање во 1981 година до сега се донирани преку 627 милиони евра на различни здравствени и хуманитарни организации.

Покрај овој факт, Лондонскиот маратон е познат и по тоа што на него трчаат многу познати спортисти. Актуелниот светски рекорд во маратон за жени е постигнат токму на овој маратон. Следното издание ќе биде уште поинтересно, затоа што ќе го добие најнеобичниот натпреварувач, британскиот астронаут Тим Пик.

Пик ќе се вклучи во маратонот кој ќе се одржи следната година, но не низ лондонските улици туку во Меѓународната вселенска станица (ISS), 400 километри над површината на Земјата.   

Астронаутите кои престојуваат долго во вселената мораат секојдневно да вежбаат по два часа како би ја одржале мускулатурата во одлична кондиција и би ја избегнале можноста за атрофирање. Пик ќе користи еден од апаратите наменет за вежбање, поточно лента за трчање и ќе започне да трча во истиот момент кога официјално ќе започне трката, а ќе може да ја следи и во живо преку специјални уреди.

Тим Пик нема да биде првиот астронаут кој на овој начин учествувал во маратон. Претходно американката Сунита Вилијамс во 2007 година на истиот начин го истрчала Бостонскиот маратон.

Маратонот е една од највлијателните и најтешките атлетски дисциплини, воопшто. Како олимписка дисциплина за првпат се воведува во 1896 години на Олимписките игри одржани во Атина.

Извор: www.esa.int

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…