Вегетаријанството и „здравите“ диети можат да бидат полоши за околината?

Застапниците на вегетаријанството тврдат дека консумацијата на месо е штетна за околината и дека ако повеќе луѓе ја базираат својата исхрана вегетаријански тоа би било добро за околината и за емисијата на штетни гасови во атмосферата.

 

Сепак, ставовите по ова прашање не се целосно јасни и нова студија направена во САД вели дека работата не е толку едноставна. Истражувачите од Универзитетот „Карнеги Мелон“ велат дека ако повеќето луѓе ги прифатат моменталните препораки тоа ќе биде полошо за околината отколку моменталните навики за исхрана на луѓето. Препораките на Американскиот оддел за земјоделие (УСДА) се дека луѓето треба да јадат повеќе овошје, зеленчук, млечни производи и морски плодови. Ваквата исхрана, според истражувачите, е полоша за околината отколку моменталните навики за исхрана на просечните Американци.

Јадењето зелена салата е преку три пати полошо за емисијата на штетни гасови во околината отколку јадењето сланинавели Пол Фишбек, кој е еден од истражувачите

Голем дел од обичните зеленчуци бараат повеќе ресурси по калорија отколку што можете да замислите. Модар патлиџан, целер и краставица изгледаат полошо за околината кога ќе се споредат со свинското и пилешкото месовелат истражувачите

Секако дека ова е изненадување за многумина, особено ако го имаме предвид фактот дека месните индустрии придонесуваат многу за емисијата на штетни гасови во околината. Но треба да се има предвид фактот дека енергијата што ја дава месото е далеку поголема од енергијата што е складирана во зеленчукот. Малкуте калории во зеленчукот во споредба со месото е причина што јадењето зеленчук е здраво за вас и за вашата тежина. Консумирајќи помалку енергија (помалку калории) значи слабеење на вашето тело.

Но што ќе се случи ако не сакате да ослабете? Што ако само сакате да го замените количеството на енергија коешто го трошите со ново количество на енергија и тоа преку зеленчук? Да поедноставиме. Треба да внесете поголемо количество на зеленчук и ако го споредите месото со зеленчукот и нивниот импакт „по калорија“ на околината ќе се забележи дека зеленчукот не е баш пријателски расположен кон околината.

Во реалноста постојат три сценарија. Со оглед на тоа дека луѓето во САД имаат прекумерна тежина и доколку сите го редуцираат внесувањето на калории со цел да ја намалат својата телесна тежина тогаш загадувањето ќе се намали. Внесувањето на помалку калории ќе значи дека ќе внесуваат и помалку храна, а тоа ќе го намали загадувањето на околината за околу 9 проценти. Значи, ако го јадат она што го јадат денес, само во помали количини, ќе се намали емисијата на штетни гасови во околината.

Второто сценарио е доколку внесувањето на калории кај населението во САД остане исто, само да се преориентираат кон јадење на овошје или зеленчук, тогаш трошењето на енергија за производство на таа храна ќе се зголеми за 43 проценти, а емисијата на гасови ќе се зголеми за 11 проценти.

Третото сценарио е намалување на калориите и преориентирање на зеленчук, овошје, млечни производи и риба. Ваквото сценарио предвидува, исто така, поштетно влијание на околината со зголемување на употребата на енергија за 36 проценти и емисија на штетни гасови од 6 до 10 проценти повеќе.

Ако престанеме да јадеме говедско месо не можеме да го замениме едноставно со брокула. Затоа што килограм месо содржи 2.280 калории, а килограм брокула содржи 340 калории. Ако ја сакате истата количина на енергија ќе мора да изедете 6,7 килограми брокулавелат истражувачите

Извор: www.sciencealert.com.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…