Научниците развиваат патишта кои сами ќе ги топат мразот и снегот

Во зимскиот период возењето на ниски температури може да биде вистински предизвик. Сите ја знаат опасноста од замрзнатите патишта, опасност која е тешко да се предвиди или пак избегне. Научници во Турција работат на нова површина за патување која би можела да се одмрзнува сама од себе.

Тимот од Универзитетот „Коч“ развива материјал за патишта што го одложуваат формирањето на мраз. Со формат од сол и потасиум истражувачите го измешале во полимер на стирен – бутадиен – стирен и додале мешавина од битумен – главната состојка на асфалтот. Кога го тестирале во лабораторија забележале дека „значајно“ го одложува формирањето на мраз кога ќе се спореди со нормална површина на пат.

Според Американското здружение за хемичари, новата мешавина имала можност да ослободи размрзнувачка сол во период од два месеца, но ефектот би можел да биде многу подолг ако се користи на вистински патишта. Со притисокот што го прават возилата на патот ќе придонесат за побавно ослободување на мешавината и со тоа подолго ќе го држат патот без мраз. Според истражувачите, овој асфалт би можел сам да размрзнува снег и мраз во период од неколку години.

Секако дека ова не е позитивно само за возачите, затоа што локалните власти трошат големи суми на пари за да ги остават патиштата чисти во текот на зимата. Асфалтот што сам се одмрзнува ќе ги отстрани големите камиони за чистење на снег надвор од улиците.

Постојаното фрлање сол на патиштата е лошо за патиштата и за економијата, како и за животната средина“, велат истражувачите.

Овој нов битумен би можел наскоро да биде достапен за комерцијална употреба и во реалниот живот ова би можело да значи помалку опасни патишта во текот на зимата.

Технологијата на патиштата очигледно дека ќе се менува. Истражувачи од целиот свет работат на патишта кои би биле изработувани од рециклирана пластика, соларни панели или пак од материјал кој би ги полнел електричните автомобили

Последен пат изменето на Среда, 23 Декември 2015 13:15
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…