Научниците открија како да се справите со несоницата

Факт е дека денес сѐ повеќе луѓе страдаат од некој облик на несоница. Сѐ повеќе пациенти се жалат на недостаток на квалитетен сон. Научниците тврдат дека тоа е резултат на одредени хемиски супстанции кои буквално ги опседнуваат нашето тело и нашиот ум, предизвикувајќи одредени реакции и промени во расположението во текот на целиот ден.

Тие исти хемикалии го одредуваат квалитетот на нашиот сон. Мелатонинот е еден од хормоните што најмногу влијаат врз квалитетот на сонот. Неговата улога е да ги регулира другите хормони. Кога е мрак нашето тело произведува повеќе мелатонин, а кога е ден тогаш производството на мелатонин значително се намалува.

Сепак научниците даваат неколку корисни совети како да го регулираме лачењето на мелатонин во нашето тело. Треба да се избегнуваат екраните од лаптоп, мобилен или телевизор најмалку 60 минути пред спиење, затоа што овие уреди зрачат сини зраци кои го нарушуваат лачењето на одредени хормони во нашето тело.

Пред спиење се препорачува читање книга во проветрена просторија.

Модерниот начин на живот сѐ повеќе го загрозува нашиот сон, а со тоа се загрозува и квалитетот на нашиот живот, но научниците тврдат дека со промената на одредени навики може да настане значителна промена кај нас.

Извор: www.dailymail.co.uk.

Последен пат изменето на Петок, 25 Декември 2015 11:40
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…