Постои универзум во кој времето се движи наназад?

Два посебни тима физичари го истражувале текот на времето во универзумот и дошле до предлог дека е возможно пред 14 милијарди години со Големата експлозија да се креирал друг универзум. Поинтересно во овој предлог од научниците е тоа што времето во овој паралелен универзум тече наназад – од иднината кон минатото.

Во суштина, ако гледаме во тој универзум ќе видиме дека времето се движи обратно од нашиот универзум, но од перспектива на тој универзум нашиот се движи наназад.

Времето не е нешто што постои отсекогаш. Времето тече и почнува од една точка во универзумот. Кога ќе погледнете природно е да се каже дека времето почнува во една централна точка и тече во две спротивни насокивели физичарот Џулијан Барбор од Универзитетот Оксфорд

Физичарите се трудат со децении да го докажат фактот дека никој од фундаменталните закони на физиката кои управуваат со Универзумот не мора да важат единствено ако времето се движи нанапред. Независно дали се работи за Њутновите закони за гравитацијата, електродинамиката на Максвел, теориите на Ајнштајн за релативитет и квантна механика, сите овие теории можат совршено да функционираат и доколку времето се движи нанапред и наназад.

Извор: www.newscientist.com.

Последен пат изменето на Вторник, 26 Јануари 2016 11:18
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…