Марихуаната предизвикува нарколепсија

Една студија што беше направена во детска болница во Охајо (САД) откри дека голем дел од адолесцентите кои се дијагностицирани со нарколепсија, односно прекумерно спиење во текот на денот, биле позитивни на тестот за употреба на марихуана.

Нашите откритија ја потенцираат и поддржуваат важноста на тестирањето на урината кај пациентите над 13-годишна возраст, пред да се дијагностицира нарколепсијатавели Марк Сплеингард, директор на Националната детска болница

Типично, дијагноза со нарколепсија е направена по клиничка евалуација на прекумерното дневно спиење, што го следат тестирања на фазите на сонот и времето на заспивање.  Користењето на дрогите ги менува резултатите на овој тест.

10-годишната ретроспективна студија вклучи 383 деца и е прва што го испитува влијанието на позитивните тестови на дрога кај испитаниците. Дури 43% од децата кои имале позитивен тест за марихуана имале нарколепсија или пак друго нарушување на сонот. Ниту едно дете помладо од 13 години немало позитивен тест на дрога, а откриено е и дека поголем процент од позитивните на тестот на дрога кои се, исто така, нарколептичари се испитаници од машки пол.

Веруваме дека најголем дел од нарколептичарите кои користеле дроги имале подобрување на симптомите по посетување на групи за лечење на зависници, бидејќи најголем дел од нив не се вратиле на лечење на нарколепсијавели д-р Сплеингард

На крајот од студијата тој заклучува: „Користењето на марихуана може да предизвика нарколепсија“.

Извор: www.sciencedaily.com.

Последен пат изменето на Вторник, 26 Јануари 2016 11:36
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…