Бегалската криза преку очите на науката

Шведскиот научник Ханс Рослинг преку статистика ја објаснува бегалската криза со која се соочува цела Европа. Според анализата на професорот Рослинг пред војната во Сирија имало 20 милиони жители. Денеска повеќе од половина од оваа популација, 12 милиони, се бегалци. Осум милиони од нив се внатрешно раселени лица, 4 милиони живеат како бегалци во соседните држави – Турција, Либан и Јордан. Колку стигнаа во Европа?

Само 250.000 сириски бегалци стигнаа во Европа, ова е помалку 2% од вкупниот број на раселени лица од Сирија, вели професорот Рослинг во својата анализа.

Во Сирија трагичниот конфликт се интензивира. ИСИС контролира неколку градови во оваа држава и ситуацијата за тамошното население станува се полоша. Подетално за статистиката на бегалската

криза погледнете од видеото на професорот Ханс Рослинг.  Рослинг е еден од најеминентните истражувачи во областа на јавното здравје. Уште од далечната 1976 овој професор работи на значајни проекти во Азија и Африка. Во текот на својата кариера тој е дел од проекти на Светската здравствена организација и УНИЦЕФ, како и од организацијата Доктори без граници – организации кои и денес се вклучени во помош околу бегалската криза.

 

Последен пат изменето на Вторник, 20 Октомври 2015 09:47
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…