Како да размислувате критички?

Големиот популаризатор на науката, харизматичниот астрофизичар Карл Сеган се обиде преку својата книга „Свет прогонет од демони – науката како свеќа во темницата“ да постави неколку правила кои би служеле како „алат“ за критичко размислување , односно за препознавање на невистината.

Тој го нарече „Алат за препознавање на бесмислици“. Во овој „прибор“ за препознавање на бесмислици постави девет точки преку кои секоја хипотеза може да биде тестирана. Доколку тезата ги „издржи“ тестовите на Карл Сеган тоа значи дека е доволно добра да се земе како вистинита, односно веродостојна.  Со овие алатки и когнитивни техники на Сеган се опремени сите научници во процесот на препознавање на невистините. Овие техники е потребно да се применуваат секогаш кога ќе наидеме на нова идеја која треба да ја земеме како вистина. Преку прифаќање на овој „алат“ сите ние можеме да се заштитиме себеси од измамата и манипулацијата која е присутна во јавниот дискурс.

  • Секогаш кога е можно мора да има независна потврда на „фактите“.
  • Охрабри суштинска дебата во однос на доказите со познавачите од областа по сите можни точки на гледање на нештата.
  • Аргументот од авторитет не тежи многу – „авторитетите“ правеле грешки во минатото, а ќе прават и во иднината. Можеби најдобро е да се каже дека во науката нема авторитети, најмногу што можат да бидат е експерти од одредена област.
  • Сврти ја хипотезата од сите можни агли. Ако нешто треба да се објасни стори го тоа на сите можни начини. Потоа смисли тестови со кои ќе го побиеш објаснувањето. Она што ќе преживее во тој
  • Дарвинов процес на селекција има некакви шанси да биде вистинскиот одговор на прашањето.
  • Не се приврзувај со хипотезата премногу само затоа што е твоја. Таа е само една станица по патот на знаењето. Прашај се себеси зошто токму таа идеја. Спореди ја со други идеи. Види дали можеш да најдеш начин да ја отфрлиш идејата, ако не го сториш ти тоа некој друг ќе го стори.
  • Измери. Ако е возможно најди нешто мерливо во твоето објаснување, така твоето ќе се разграничи од останатите. Она што е нејасно и квалитативно е отворено за повеќе објаснувања. Секако дека вистината може да се најде и во многу квалитативни проблеми, но тоа е многу потешко.
  • Ако постои синџир на аргументи секоја алка од синџирот мора да се вклопи – не само повеќето од нив.
  • Окамов брич. Ова правило претпоставува секогаш кога ќе се соочите со две хипотези кои ги објаснуваат податоците подеднакво исто да се одбере онаа која е поедноставна.
  • Секогаш прашајте се дали хипотезата може барем во принцип да биде побиена или побивана. Претпоставките кои не можат да бидат тестирани или побивани не се многу вредни. Замислете теорија во која нашиот космос е само честичка – електрон да речеме – во поголем космос. Но замислете никогаш да не сме во можност да прибавиме информација надвор од универзумот во кој живееме – тоа е идеја која е невозможно да се отфрли. Мора да бидете подготвени идејата да биде проверувана од надвор. Упорните скептици мора да имаат можност да го следат вашето резонирање да ги дуплираат вашите експерименти и да видат дали ќе го добијат истиот резултат.

Заедно со овие правила Сеган нуди и логични недоследности кои не спречуваат во стекнување на нови знаења. Тој во својата книга нуди и примери за логични недоследности на кои најчесто наседнуваме. Многу добри примери можат да се најдат во религијата или политиката бидејќи тие често се приморани да правдаат две контрадикторни  претпоставки, вели Карл Сеган. Книгата на Сеган.

 „Свет прогонет од демони“ е безвременска задолжителна литература и фантастична од првата до последната страница. Особено е значајна во сегашниот јавен пејзаж на пропаганда и псевдонаука мотивирани од комерцијални цели. вели Карл Сеган

 

Последен пат изменето на Четврток, 15 Октомври 2015 11:04
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…