Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и оваа година преку ...
Студентите на додипломски и постдипломски студии имаат одлична
Мајкрософт организира Инфо сесија за една од најкорисните ...
40 студенти од повисоките години на Факултетот за медицински ...
Спортскиот и културен центар при УГД организира вебинар на тема
Традиционално, по деветти пат, во пресрет на патрониот празник

Приказ на предметите според таг: studenti

Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и оваа година преку ослободување од партиципација ќе ги стимулира најдобро рангираните бруцоши, оние кои ќе се занимаваат со спорт во рамките на своето студирање и оние кои избрале да студираат македонски јазик и книжевност. Овие одлуки неодамна ги донесоа Универзитетскиот сенат и Ректорската управа на УГД.   

Универзитетот ќе обезбеди 210 партиципации за прворангираните студенти, и тоа:

Факултет за медицински науки – партиципација за најдобрите 30 рангирани кандидати на Конкурсот за упис на студенти; Земјоделски факултет, Факултет за природни и технички, Економски факултет, Правен факултет, Факултет за туризам и бизнис логистика, Факултет за информатика – за најдобрите 20 рангирани кандидати; Електротехнички факултет, Машински факултет, Технолошко-технички факултет, Факултет за образовни науки и Музичка академија – партиципација за најдобро рангираните 10 кандидати; Ликовна академија и Филмска академија - партиципација за најдобрите 5 рангирани кандидати на Конкурсот за упис на студенти.

Воедно, студентите од ромска националност кои се запишани во учебната 2021/2022 година се ослободуваат од плаќање на партиципација за прв и за втор семестар. Останатите трошоци студентите си ги покриваат сами.

Во категоријата за ослободување од плаќање партиципација за прва година на студии се и сите редовни студенти запишани во прв уписен рок на студиската програма Македонски јазик и книжевност – прв циклус студии. Овие стипендии ќе ги покрие Институтот за јазици на Филолошкиот факултет.

Ослободени од плаќање партиципација ќе бидат и сите студенти кои ќе бидат дел од спортските клубови и екипи на Универзитетот „Гоце Делчев“. За тие студенти стипендијата ќе биде покриена од Универзитетскиот спортски и културен центар.

Покрај ова, актуелните и новите студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“ имаат можност да добиваат стипендии од Министерството за образование и наука и од компании од бизнис заедницата. Овие повици за аплицирање ќе бидат објавени дополнително од страна на бизнис заедницата или на Министерството. Стипендиите кои ги доделува УГД за најдобрите кандидати и оние на Македонски јазик и книжевност се по автоматизам од ранг-листата на новозапишаните студенти и нема потреба да се аплицира за нив.

Објавено во Студенти

Студентите на додипломски и постдипломски студии имаат одлична можност да учествуваат на  „Future News Worldwide 2021“ - Меѓународен самит за најдобрите млади креатори на медиуми во светот.

Ова е програма за партнерство помеѓу Британскиот совет и дел од водечките медиумски организации во светот како Гугл, Фејсбук, Ројтерс и Хералд. Целта е да се поддржат младите да развијат широк спектар на новинарски вештини и да се постави Велика Британија како глобален лидер во развојот на млади новинари и медиумски фигури.

Во рамките на програмата секоја година се собираат на едно место 100 од најталентираните, најмотивираните и најпасионираните студенти новинари во светот за да присуствуваат на програмата за интензивна обука за медиуми. Учесниците добиваат ексклузивна обука од водечките уредници, презентери, новинари и репортери во светот и гледаат како издавачите ширум светот ја користат технологијата за да најдат приказни на кои им вдахнуваат живот како никогаш претходно.

Годинава Конференцијата на тема „Клима, ковид-19 и порастот на дезинформации: како новинарството може најдобро да му служи на светот во криза“ ќе се одржи на 14 и 15 јули и ќе понуди богата и набиена програма за следната генерација креатори на вести и содржини. Конференцијата ќе се одржува онлајн и ќе понуди места за учество на 100 млади студенти блогери, влогери, фоторепортери и репортери од целиот свет.

Покрај можноста да ги слушнат водечките репортери и презентери, учесниците ќе бидат сведоци и на симулација креирана од First Draft, којашто ќе ги прикаже најтензичните моменти во една новинарска редакција додека известува за ударна сторија поврзана со здравјето со цел да поттикне носење правилни одлуки за известување во реално време како одговор на ширењето дезинформации.

Можноста им е достапна на студентите на додипломски и постдипломски студии од која било земја, кои се на возраст од 18 до 25 години заклучно со 1 јули 2021 година. Кандидатите треба да зборуваат англиски на напредно ниво и да покажат пасија за започнување кариера во новинарството.

Пријавувањето за учество на Конференцијата е веќе отворено, а ќе трае до 8 јуни. Можете да најдете повеќе информации и да се пријавите на следниов линк:

Future News Worldwide 2021 Terms Conditions and Competition Rules.pdf

 

Објавено во Студенти

Мајкрософт организира Инфо сесија за една од најкорисните програми за студенти која веќе е во тек, а наскоро ќе примаат и нови членови. Инфо сесијата е планирано да се одржи во понеделник (17.5.2021 г.) во 19 часот преку платформата Teams. За таа намена е креиран и настан на социјалните мрежи https://fb.me/e/d97X6frgk.

Microsoft Learn Student Ambassadors е програма на Microsoft за поттикнување и поддржување на студентите за да се усовршат на технички план, но и да ги подобрат своите презентациски, лидерски и други вештини. Секој кој е дел од програмата добива бенефити од Microsoft кои може да ги користи за сопствени цели, како на пример:

  • Персонален мејл@studentambassadors.com и пристапдо Teams каналите на програмата
  • MSDN Premium претплата (пристап до сите Microsoft софтвери бесплатно)
  • Секој месец 150$на Azure платформата
  • LinkedInLearning
  • Ваучер за Fundamentals испитите на Microsoft
  • TechSmith софтвер
  • Покана на Microsoft Summit
  • Microsoft swag

Програмата има внатрешни нивоа каде што студенти можат да напредуваат со тоа што би организирале или учествувале во студентски активности, како на пример: организирање на предавање/настан, завршување на learning path на Microsoft Learn, одржување презентација, пишување на блог и др.

За да се стане дел од програмата има процес на апликација кој треба да биде одобрен од Microsoft. Повеќе за програмата можете да прочитате на следниов линк: https://studentambassadors.microsoft.com/

Моментално во Македонија имаме 4 студенти во програмата, а ако сакаш и ти да станеш следниот член дојди на Инфо сесијата на 17.5.2021 во 19 часот за да дознаеш повеќе или да поставиш прашање. Инфо сесијата ќе се одржи на следниов линк: Microsoft Teams.

Објавено во Студенти

40 студенти од повисоките години на Факултетот за медицински науки на УГД учествуваат во реализацијата на процесот за масовна имунизација против ковид-19 во Штип. На првиот ден од вакцинацијата во Спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип на пунктовите се најдоа десетмина од нив, останатите ќе се вклучуваат во наредните смени.

- Нашата улога овде е многу важна, ние сме овде на волонтерска база. Повеќе сме вклучени во административниот дел, ги наоѓаме пациентите во „Мој термин“, ги спроведуваме до пунктовите на кои треба да се вакцинираат, им ги даваме основните информации. Вклучени сме вкупно 40 студенти. На Повикот за волонтирање се пријавија над сто студенти, а од нив беа избрани студентите од повисоките години на студирање – изјави Мартина Серафимова, студентка во шеста година на насоката Општа медицина на Факултетот за медицински науки.

Во Штип се стигнати 5000 дози на вакцини од кинеската Синофарм, а за првиот ден се закажани 1000 термини за граѓаните од Источниот и од Југоисточниот регион кои се пријавиле на сајтот vakcinacija.mk.

- Денес термините беа пуштени од десет часот, наместо од осум како што беше планирано, затоа започнавме малку подоцна. Добивме 5000 вакцини, ќе добиваме на секои 3-4 дена нови количини, денес имаме закажано 1000 термини во двете смени. Засега се опфатени највозрасните граѓани. Најстариот пријавен е 100 години, а првиот што го вакциниравме беше 92 години. Сите што се пријавени на сајтот, ќе бидат повикувани во наредните денови, ќе се намалува старосната граница на пријавените за вакцинирање. Од регионот има пријавено околу 20000 лица, бргу ќе се симне границата и ќе бидат повикувани и помладите пациенти – изјави Снежана Трајковска, директор на Здравствениот дом во Штип.

На пунктот за масовна вакцинација беше и градоначалникот на Штип, д-р Сашко Николов, кој изјави дека на првиот ден на вакцинирање се активирани сите оние на кои во претходниот период им беше одложен терминот, а дека сите ангажирани во процесот – од здравствените домови во регионот, Клиничката болница во Штип се подготвени да ги пречекаат сите заинтересирани за имунизација.

Објавено во Студенти

Спортскиот и културен центар при УГД организира вебинар на тема „Трчањето како начин на живот“. Вебинарот ќе го водат искусни спортски работници. Едниот од нив е Кокан Ајановски, тренер во Најк школата за трчање, а заедно со него и Филип Колевски, тренер на атлетски клуб „Куманово“ и член на атлетска репрезентација на Македонија.

Вебинарот ќе се одржи преку платформата Microsoft Teams на 2.4.2021 г. во 17 часот на следниов линк : Microsoft Teams.

Вебинарот ќе одговори на прашањата: Зошто е добро трчањето? Кои се бенефитите од трчањето? Како да почнам да трчам? Како да ја одржам мотивацијата? На што ме учи трчањето?

Објавено во Студенти
Страница 1 од 76

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…