Филмската академија организираше Философско кино

Философско кино на тема „За љубовта“ се одржа вчера во организација на Филмската академија при УГД и Домот на младите во Штип. Голем број заинтересирани студенти присуствуваа и го гледаа филмот  „Краток филм за љубовта“ (1988) од режисерот Кшиштоф Кјешловски (Полска).

Многу ми е драго што ве гледам во олку голем број и се надевам дека ќе имаме плодна дискусија. Идејата со колегата Кирил ни е барем еднаш до двапати во месецот љубителите на философијата и филмот да се собираме и да гледаме филм, а потоа да дискутираме за негорече на отворањето доц. д-р Трајче Стојанов, професор по Философија на Универзитетот „Гоце Делчев“

На проекцијата на филмот присуствуваа голем број студенти од Филмската академија, но и од Факултетот за образовни науки и по проектирањето се разви меѓусебна дискусија за посебното доживување на филмот. Организатори на овој настан беа доц. д-р Трајче Стојанов и стручњакот од пракса Кирил Трајчев од Филмската академија, заедно со Домот на младите во Штип. Тие најавија дека наскоро ќе има и нов филм за дебата заедно со студентите.  Настанот е отворен и за останатите љубители на добриот и квалитетен филм.

Последен пат изменето на Четврток, 26 Мај 2016 14:27
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…