(Видео) Студентско Еразмус искуство од Хрватска

Студентката Симона Алексова од Факултетот за информатика е на Еразмус размена во Хрватска. Во моментов таа е во Штип и набргу повторно заминува за Хрватска за да го продолжи своето студирање во рамките на шестмесечната Еразмус програма.

Во меѓувреме, студентката Симона беше гостинка во Универзитетската телевизија и радио и разговаравме за тоа какво е искуството таму и што може да се научи од едно Еразмус искуство кое веќе долги години го нуди Универзитетот „Гоце Делчев“ за своите студенти.

Повеќе за нејзиното искуство погледнете во видео разговорот.

 

Програмата Еразмус плус продолжува со регрутирање на нови студенти. За десетина дена ќе биде објавен новиот конкурс на којшто ќе можат да аплицираат сите заинтересирани студенти и вработени од УГД.

Последен пат изменето на Четврток, 26 Мај 2016 14:34
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…