Центарот за доживотно учење ја презентираше платформата Xplorify

Центарот за доживотно учење во соработка со Центарот за е-учење организираше отворена презентација на едукативната платформа Xplorify, спроведена од страна на маркетинг агенцијата „Xplorify GmBh“.

На презентацијата што се одржа во конференциската сала на Правниот факултет, наставничкиот и соработничкиот кадар на Универзитетот имаa можност да се запознаaт со функционалноста на платформата, придобивките од он лајн курсевите, придобивките од предавања во виртуелни училници, како за студентите така и за наставничкиот и соработничкиот кадар.

Целта на презентацијата беше да се согледаат искуствата и бенефициите во областа на едукацијата и новите технологии кои можат да придонесат кон унапредување на образовниот процес. На презентацијата посебно се истакнаа и предностите на платформата за организирање на курсеви во сферата на неформалното образование.

Последен пат изменето на Петок, 27 Мај 2016 13:11
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…