Професори и асистенти од УГД одржаа предавања на Универзитетот за образование во Салцбург, Австрија

Во текот на мај проф. д-р Соња Петровска и асистент-докторанд м-р Јадранка Рунчева од Факултетот за образовни науки при УГД остварија студиски престој на Универзитетот за образование „Стефан Звиг“ во Салцбург, Австрија (University of Education Stefan Zweig, Salzburg, Austria). Тие го посетија овој универзитет во рамките на интернационалната Еразмус недела под наслов „Различности и инклузивно образование“ и „Миграција и образование“ („Diversity & Inclusive Education“ и „Migration and Education“).

На интернационалната Еразмус недела учествуваа професори и студенти од 14 европски универзитети и од САД.

Проф. д-р Соња Петровска и асистент-докторанд м-р Јадранка Рунчева одржаа пленарно предавање на тема „Inclusive Model of Education in Republic of Macedonia – состојби и перспективи“ и презентација во рамки на работилницата „Inclusive Education in Higher Education Institutions“.

На следниов линк можат да се најдат сите информации поврзани со овој настан: http://www.phsalzburg.at/index.php?id=1012.

Последен пат изменето на Понеделник, 30 Мај 2016 13:31
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…