Зошто пушењето е штетно за вашите заби?

Истражување спроведено од истражувачи при Универзитетот „Гоце Делчев“ потврдува дека пушењето на цигари е поврзано со белината на вашите заби. Низа истражувања на оваа тема покажуваат релација меѓу пушењето и белината на забите.

Истражување спроведено од истражувачи при Универзитетот „Гоце Делчев“ потврдува дека пушењето на цигари е поврзано со белината на вашите заби. Низа истражувања на оваа тема покажуваат релација меѓу пушењето и белината на забите.

Истражувањето е спроведено од страна на професори од Факултетот за медицински науки при УГД. Истражувачите ја анализирале белината на забите кај 235 здрави пациенти од кои 123 односно 52,3% биле непушачи, а 112 односно 47,6 пушачи. Со помош на интраорален спектрофотометар правени се мерења на белината на забите кај пациентите, како кај пушачите така и кај непушачите.

Резултатите покажуваат дека пушењето има големо влијание за белината на забите. Естетиката на забите е една од многуте негативни ефекти на пушењето. Според голем број на научни истражувања пушењето е заслужно за низа болести на забите и устата, но една од нив е и значително потемни заби од непушачите. Според истражувачите од УГД менувањето на бојата на забите доаѓа поради надворешните жолта и кафена боја која е содржана во никотинот и катранот, односно во чадот од цигарите.

Постер презентацијата од ова истражување е презентирана на научна конференција во Букурешт, Романија, а целосно може да се најде во дигиталниот репозиториум на научни трудови на УГД -  http://eprints.ugd.edu.mk/13216/.

Последен пат изменето на Петок, 16 Октомври 2015 16:27
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…