„Бесконечно царство“ е насловот на емисијата на студентката Николина Атанасова од студиската програма Новинарство и односи со јавноста при УГД, а целта на оваа емисија е преку низа на едукативни алатки да ги едуцира најмладите. Емисијата е дел од нејзината дипломска работа која е работена под менторство на проф. д-р Кирил Барбареев и станува збор за интердисциплинарна дипломска на студиската програма Новинарство и односи со јавноста и Факултетот за образовни науки при УГД.

Емисијата опфаќа анкета, театар на сенки и куклени ликови кои ќе ги едуцираат најмладите.

Дипломската заедно со презентација на ова телевизиско остварување студентката Николина Атанасова ќе ја брани пред комисијата во вторник (7 јуни 2016 г.) во 12 часот. Одбраната и презентацијата на радио и ТВ емисијата ќе биде во свечениот амфитеатар на Правниот факултет при УГД. Одбраната е јавна и поканети се сите заинтересирани да присуствуваат на презентацијата.

 

Последен пат изменето на Вторник, 07 Јуни 2016 15:00
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…