(Видео) Професори од Турција одржаа предавање и концерт на Музичката академија

Двајца професори од Турција во рамките на  програмата Еразмус плус одржаа концерт и серија предавања пред студентите на Музичката академија. Станува збор за професори од Универзитетот во Нигде, Турција.

Одлично се чувствуваме овде и се надеваме дека ќе им го пренесеме знаењето на студентите. Вашите студенти и професори се добро запознаени со турската музика, поради што сме пријатно изненадениизјави професорката Фејзун Вурал

Професорите од Турција предаваат традиционални источни инструменти и пред студентите претставија инструменти и музика кои се карактеристични за Истокот или за исламот.

Концертот ќе го одржиме за студентите и за средношколците. Ќе го посетиме и  средното музичко училиште во овој град за да ги запознаеме средношколците кои ќе бидат идни студентиизјави професорот Тимур Вурал

Професорите се овде во рамките на програмата  Еразмус плус. Тие изразија надеж дека соработката меѓу двата универзитета ќе продолжи и дека ќе овозможи да се работат заеднички проекти или концерти.

 

Последен пат изменето на Среда, 08 Јуни 2016 15:56
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…