Оглас за волонтери за Корејски камп во Штип

Глобалната младинска организација и интернационална невладина организација „International Youth Fellowship“ инфраструктурно и организационо помогната од Универзитет „Гоце Делчев“ организира Корејски камп во Штип на 28 и 29 септември.

Потребни се 30 волонтери кои ќе бидат дел од тимовите за организација на програмата, тим за настапи и презентација и тим за раководење и одржување.

Волонтерите кои ќе бидат дел од овој камп ќе се здобијат со лидерски и менаџерски вештини како и вежбање на конверзација и комуникација низ сите волонтерски aктивности.

Како верификација на волонтерскиот ангажман, сите волонтери ќе добијат Интернационален сертификат од оваа организација.

Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават на е-маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., најдоцна до 15.08.2016 година.

Последен пат изменето на Петок, 29 Јули 2016 12:45
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…