Близу 1.700 кандидати во првиот уписен рок на УГД – 25 и 26 август втор уписен рок

Интересот за студирање на Универзитетот „Гоце Делчев“ е според очекувањата. Близу 1.700 кандидати се пријавиле само во првиот уписен рок, што претставува одличен показател дека УГД е главен избор на голем број средношколци во државата.

- Во текот на следните два до три дена ќе започне запишувањето на пријавените кандидати. Бројката е доста охрабрувачка за Универзитетот. Во споредба со минатата година бројките се скоро исти. Најмногу интерес има на Факултет за медицински науки и на Факултетот за туризам и бизнис логистика, а некои факултети, како на пример Факултетот за образовани науки, ќе побараат проширување на квотата заради некои специфики. На 25 и 26 август примените кандидати ќе се запишуваат, но овие датуми се и за пријавувања за вториот уписен рок.  На веб-страницата на УГД веќе е објавен Конкурсот за вториот уписен рок, а кандидатите треба да ги изберат своите опции за студирање - истакна проректорот за настава доц. д-р Кирил Барбареев.

За вториот уписен рок е отворена можноста за електронско пријавување, со што на кандидатите значително им се олеснува целиот процес. Во исто време кога ќе се одвива вториот уписен рок ќе се запишуваат и примените кандидати од првиот рок. Потребните документи за запишување се објавени на веб-страницата на УГД.

Последен пат изменето на Вторник, 23 Август 2016 14:02
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…