Заврши вториот уписен рок – документи ќе се примаат и во наредните денови

Заврши вториот уписен рок на Универзитетот „Гоце Делчев“, а воедно и запишувањето на кандидатите примени од првиот уписен рок.  Интересот за студирање на Универзитетот „Гоце Делчев“ е голем. Дел од студиските програми на факултетите ги пополнија квотите за упис.

Поради интересот на студентите и поради краткиот период за комплетирање на документите одлучивме и во наредните неколку дена од следната седмица да примаме документи за упис и пријавување. Тоа ќе се прави, исто така, во стариот Ректорат, каде што службеници од Универзитетот ќе ги примаат документите за сите факултети и потоа ќе се распределуваатистакна проректорот за настава доц. д-р Кирил Барбареев.

Примените кандидати од вториот уписен рок ќе се запишуваат на 5 и 6 септември, кога ќе биде и пријавувањето во третиот уписен рок. Сите потребни документи за запишување или пријавување можат да се најдат на веб-страницата на УГД.

Последен пат изменето на Петок, 26 Август 2016 15:21
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…